Добродојдовте на delfin2.mk
|
почетна
|
пробна верзија
|
Делфин II - ПУ
|
Делфин II - склад
|
корисници
|
референци
|
понуда
|
https://delfin2.mk
» ПОЧЕТНА
Пристап за регистрирани корисници
Корисничко име
Лозинка
Промена на лозинка?
» ПРОБНА ВЕРЗИЈА
» НАДГРАДБИ-
- за
нерегистирани корисници
» КОРИСНИЦИ
» РЕФЕРЕНЦИ
» ПОНУДА
А ж у р и р а н о
Untitled Document
04.09.2014 08:58
Добродојдовте на веб страната на софтверската апликација Делфин II
Делфин II е софтверска апликација која е наменета за евиденција при увозот за облагородување со систем на одложено плаќање според Царинскиот закон којшто е правосилен од 01.01.2006 година. Водењето на неопходната евиденција е организирано на лесен и прегледен начин од увозот па сè до извозот. Предвидени се внесување на S-број (ЕЦД број на увоз) под референтен број, внесување на проформи, преглед на состојба по производители и збирно, внесување на налози, нормирање на истите, преглед на налозите што се на залиха, итн. Исто така Ви се нуди опција за пренесување на материјалите од еден на друг производител, како и раздолжување на добиените споредни производи.
Кога сте кај извозот олеснет е начинот на изработка на фактура, комерцијална фактура на повеќе европски јазици, како и автоматизирана изработка на уверението за движење (EUR.1) и уверението за потекло (Certificate of Origin). Со извозот (R-број) автоматски се раздолжуваат употребената (нормираната) количина од основниот и помошен материјал за одредените налози. Програмата Делфин II автоматизирано генерира лист за пресметка, попис, како и извештај за раздолжување, кои лесно можете да ги испечатите кога и да Ви се потребни. Исто така и матичните податоци се прегледно организирани и во секое време можете да додадете и промените податок за било која домашна или странска фирма, имате поглед на комплетната царинска тарифа како и на курсот на размена за неколку валути и тоа за период кои самите ќе го одредите. Со оваа софтверска апликација е предвидено да имате сигурна заштита на Вашите податоци и во секое време можете да ги вратите во претходната состојба доколку се случи нешто непредвидено (со Вашиот хардвер на пр.). Програмата Делфин II, исто така, е наменета за работа во мрежа (LAN) и истовремено можат да работат повеќе референти.
Компјутерската програма Делфин II
(пробна верзија)
Ви е на располагање со пробен период од 30 денови. Повеќе информации можете да добиете на
info@delfin2.mk
или на телефоните 032 386 646 и 032 387 646.
Софтверскиот пакет Делфин II е одобрен од Царинската Управа на Република Македонија.
Надградба на програмата Делфин II
(верзија 02.03.2022)
за сервер
Надградба на програмата Делфин II
(верзија 02.03.2022)
за клиент
copyright © www.fiva.com.mk designed by Vasil Smiljanski